Американската тенисерка Серена Вилијамс го освои победничкиот пехар на ВТА турнирот во Оукленд (Нов Зеланд) што е нејзина прва победа после три години и прва откако стана мајка. Серена во финалето ја совлада сонародничката Џесика Пегола со 6:3/6:4 во меч кој траеше 1 час и 36 минути.

Наградниот фонд од 65.000 новозеландски долари го донираше за помош на Австралија во борбата за справување со пожарите.

А Каролина Плишкова е победничка на турнирот во Бризбејн, Австралија кој е со награден фонд од 1,5 милиони долари. Во меч кој траеше 2 часа и 10 минути Плишкова ја совлада Медисон Кис со 6:4/4:6 и 7:5.

Инаку тоа е нејзина трета титула во Бризбејн откако претходно триумфираше во 2017 и 2019 година.