Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, по победата на Ливерпул на гостувањето кај Тотенхем го издвои стрелецот на победничкиот гол Роберто Фирмино, како фудбалер кој секој тренер на светот би посакал да го има во тимот.

„Тие се брилијантни за гледање. Нивниот напаѓач, Фирмино, мислам дека секој менаџер во светот би го сакал во својот тим. Мислам дека е апсолутно неверојатен. Несебичен, брилијантен, постигнува голови, ги поставува работите како што треба, може да асистира, тој ги прави сите вистински работи. Тој е извонреден играч“, призна легендата на „ѓаволите“.