Дека играме меч, кој е како финале за нас, потврдува првото полувреме во „Штадхале“ каде Македонија води со 11:9 на полувремето во дуелот против Чешка. Играме фантастично во одбрана и тоа е моментот кој ни донесе предност на одморот.

Тешко е, но знаевме дека ќе биде така… влогот е пласман во главната фаза, а до таму не се оди по лесен пат.

Двата капитени Лазаров и Здрахала беа прецизни од линијата за седум метри за изедначен старт на мечот, 1:1. Една техничка грешка им беше доволна на Чесите за Хрстка од контра да донесе прва предност на противникот, 3:2 по шест минути игра. Лазаров врати, а по првата одбрана на Ристовски, Манасков имаше шанса од контра да ни донесе предност, но Галија се испречи пред него. Игравме тешко, со многу борба, но се држевме егал, 5:5.

Првите минути на ова ги доби и Марко Мишевски, кој имаше за задача заедно со Никола Маркоски да ја затвори средината и одлично го сторија тоа затоа што Чешка, која во еден момент беше и со играч повеќе не можеше да постигне гол. Апстиираа Чесите од погодок седум минути, што и донесе на Македонија прво водство од два гола, 7:5 во средината на полувремето.

Тешко ја пробивавме 6-0 одбраната на ривалот, па Данило Брестовац се обиде со два пикери и тоа вроди плод, погодок на Стоилов и нови два позитива 8:6. Одбраната ни беше на високо ниво, агресивна, навреме покриваше, а кога на сето тоа се надоврза и интервенцијата на седмерец на Ристовски.

Но, голманот Галија ја врати Чешка во игра, а откако Хрстка погоди пенал, повторно беше егал, 8:8 на три минути до крајот. Нова одбрана на нашиот голман и Лазаров и Кузмановски „врзаа“ два гола за 8:10, а потоа и Талески со одличен погодок од далечина ги потврти оние, 9:11 на полувреме.