Вториот противник на Македонија во групата Б на ЕХФ ЕУРО во Виена, Чешка, ривал со кој најголемиот број од меѓусебните дуели биле решавачки за судбините на големите натпреварувања.

Така е и денеска во „Штадхале“ (16 часот). За Чешка овој меч е „да се биде или не“ со оглед на тоа дека тие загубија од домаќинот Австрија во првото коло, додека за Македонија победа попладнево ќе значи и пласман во главната фаза.

„Мора да ја победиме Македонија. Немаме друг избор. Се надевам дека ќе одиграме многу подобро против Македонија отколку на првиот дуел со Австрија. Системот на натпреварување сега е поинаков, пласман понатаму обезбедуваат само по две селекции по групата и ако сакаме да бидеме да бидеме на тие две места мора да победиме“, изјави капитенот на Чешка, Ондреј Здрахала.