Кире Маркоски и АЕЛ Лимасол се пред разделба, откако македонскиот фудбалер наводно побарал заминување од тимот во друга екипа каде што ќе има позначајна улога. Ова го пишуваат кипарските медиуми кои најавуваат заминување на Маркоски од тимот во кој повторно игра оваа сезона.

АЕЛ го испрати на позајмица на почетокот на минатата година во Спартак Трнава, и репрезентативецот имаше одлична сезона, но се одлучи да го врати. Сега можно е Маркоски да има нов клуб, но овој пат со перманентен договор.