Иако сеуште нема клуб, се споменуваше Манчестер Јунајтед, сепак Маурицио Покетино кој пред две месеци доби отказ во Тотенхем, секогаш е интересен за медиумите.

Па така деновиве тој за медиумите во Аргентина се присети за тоа кога играл во Њу Одл Бојс, и тоа со славниот Марадона, а бил и цимер со Диего.

„Беше интересно, Марадона беше еден и единствен. На нашите тренинзи доаѓаа и по 40.000 навивачи. Јас бев негов цимер на патувањата. Малку ми беше чудно, до пред некој ден јас имав на ѕидот на мојата соба голем постер од Диего, а сега играм со него и сум негов цимер. Не можев да верувам, мислев дека сонувам“ потенцирал Покетино.

Тој раскажа и за тоа што навистина се случило на 2 февруари 1994 година.

„Бевме на подготовки во Мар дел Плата, јас бев со него во соба. Познато е дека тој сака да гледа кошарка, јас сум заспал а кога наутро се разбудив Диего го немаше во соба, го немаше во хотелот. Ние доручувавме, се подготвувавме за тренинг кога на ТВ видовме на вести дека Диего во Буенос Аирес пукал од пушка по некои новинари. Проблемот беше во тоа што Буенос Аирес беше одалечен дури 400 км. Значи Диего вечерта минал 400 км за да биде во својот дом. Фудбалот е мојата страст, а мој идол секогаш ќе биде Диего Армандо Марадона“ се присети Покетино на периодот од пред 25-26 години.