Косово во последниот меч пред гостувањето во Скопје на 26 март, во рамките на плеј-офот за пласман на ЕВРО 2020, денеска во Доха (Катар) во пријателски дуел загуби од Шведска со 1:0. Стрелец на голот беше Хелмунд во 75.минута. Сепак треба да се каже дека и Косово, но и Шведска, овој натпревар го одиграа со резервните состави, ги немаше најдобрите, посебно кај нашиот ривал тоа веднаш за забележува кога ќе се погледнат составите. Од друга страна на стадионот „Ал-Ахли“ во Доха, во селекцијата на Косово се најде Рон Броја, некогашен фудбалер на Шкупи, а во вториот дел играше и Анел Рашкај, за кого силно е заинтересира Шкендија.