Фиорентина после осум натпревари „пост“, дојде до победа и го совлада тимот на Спал. „Виолетовите“ немаа триумф од дуелот со Сасуоло од 30. октомври, и денеска едвај со 1:0 победија благодарение на голот на Пецела во 82. минута.

Сампдорија продолжува со добрите резултати, и после ремито против Милан на гости, денеска на домашен терен тимот од Џенова ја совлада Бреша со 5:1. Торино со 1:0 ја победи Болоња со голот на Беренгуер.