Србија е првиот победник на новоформираното АТП натпреварување, АТП Куп! Во големото финале во арената „Кен Роусвил“, Србија со 2:1 славеше над големиот ривал Шпанија.

По победите над Јужна Африка (3-0), Франција (2-1) и Чиле (2-1) на патот до финалето во групната фаза во Бризбејн славеа и против Канада (3-0) во четвртфиналето во Сиднеј, во полуфиналето над Русија, исто така 3-0, за во финалето да обезбедат тесна, но заслужена победа над Шпанија.

Во првиот сингл меч, Душан Лајовиќ загуби од Роберто Баутиста Агут со 7:5, 6:1, по што следуваше одлучувачкиот меч меѓу тениските легенди Ѓоковиќ и Надал. Србинот по еден час и 55 минути игра, славеше со 6:2, 7:6 (4) и се избори за одлучувачки меч во игра на двојки.

Одлуката падна на пресметката Ѓоковиќ/Троицки – Карењо Буста/Лопез, каде српскиот пар обезбеди победа од 6:3, 6:4.