Двајца наши поранешни репрезентацивци, Ацо Јоновски и Филип Лазаров утринава се појавија во хотелот на ракометарите во Виена.

„Стигна засилувањето“, се пошегуваа репрезентативците, а селекторот Данило Брестовац исто така на шега дофрли „Имаме промена во состав“.

Јоновски и Лазаров, секако се тука со една цел, да дадат поддршка на своите другари и екс-репрезентативни колеги во најважниот меч досега на ЕП во Виена.