На релито Дакар во текот на седмата етапа, загина португалскиот мотоциклист Пауло Гонкалвеш. Несреќниот Португалец на 276 километар од патеката Ријад – Ал Давасир, паднал од моторот, и тоа било кобно по неговиот живот.

Веднаш пристигнал хеликоптер, бил пренесен во болница, но за жал им подлегнал на повредите. Тој е 70-та жртва на релијата Дакар, вклучувајќи ги и новинарите и официјалните лица.