Ашраф Хакими во моментов настапува за тимот на Борусија Дортмунд како позајмен од тимот на Реал Мадрид. И додека „милионерите“ сакаат да го задржат и да потпишат перманентно со него, Реал најавува дека ќе го повлече и ќе го задржи.

Хакими беше прашан за негово мислење.

„Немам и натаму одлучено. Моето срце е меѓу Мадрид и Дортмунд. Нормално дека сакам да играм за Реал, кој не би сакал, но среќен сум и во дресот на Борусија. Има уште време, кога ќе одлучам ќе ја соопштам дефинитивната одлука“, рече Хакими.