Каталонските медиуми на насловните страници на денешните изданија објавија дека Чави Ернандез ќе биде новиот тренер на Барселона. Легендарниот играч, сега тренер на Ал Сад, имал средба со Ерик Абидал и наводно ги договорил условите за преземање на Барселона.

Во меѓувреме од Ал Сад објавија дека нема да му прават никаков проблем на Чави доколку тој одлучи да оди во Барса всушност тоа го има и во клаузулата во неговиот договор. А и самиот Чави изрази желба еден ден да ја предводи Барселона.

Сега одлуката е на Чави. Дали веднаш да ја прифати одлуката или на крајот на сезоната.

Ако прифати веднаш тогаш Ернесто Валверде ќе лета од клубот уште од понеделник. Втората варијанта е Валверде да ја доработи сезоната, а по завршувањето на сезоната Чави да потпише двегодишен договор и да ја преземе екипата.

Арапската телевиција BeIN sports отиде чекор понапред и објави дека Чави во текот на денешниот ден или најдоцна до утре ќе биде именуван за нов тренер на Барселона. Информацијата ја објави нивниот новинар Калед Валид кој објави фотографија на Чави и Ерик Абидал на состанокот до Доха.