На пола од шампионатот во Италија, Јувентус заврши како првопласиран тим, благодарение на вечерашниот триумф над Рома на „Олимпико“ со 1:2. Демирал и Роналдо од пенал уште во првиот дел им донесоа радост на фановите на Јуве.

Џеко успеа преку пенал да намали во вториот дел. Рома имаше уште 2-3 шанси да дојде и до бод, но не успеа да реализира.

Со тоа Јуве го превзеде врвот на табелата од Интер, кој вчера со Аталанта одигра 1:1 на домашен терен.

Standings provided by Sofascore LiveScore