На вечерашниот состанок на бордот на директори во Барселона одлучено е Ернесто Валверде да не продолжи на клупата туку соработката уште сега да биде прекината. Неконстантните игри, ремијата против Сосиедад (2:2) и Еспањол (2:2), поразот од Атлетико во полуфиналето на Суперкупот беа причината за смена на Валверде кој заминува со две титули во Ла Лига, еден Куп и еден Суперкуп на Шпанија.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Валверде заминува, а одлуката клубот ќе ја објави вечерва, а исто така е договорен неговиот наследник но тоа нема да биде Чави.

Некогашниот фудбалер на Барселона не сака уште сега да ја преземе екипата туку по завршувањето на сезоната, затоа што не се чувствува дека не е спремен експресно да ги сврти работите.

Па така Барса најде друго решение. Тоа ќе биде искусниот Кике Сетиен, екс-тренерот на Бетис и Лас Палмас. Тој ќе ја предводи екипата до крајот на сезоната и ќе се обиде да донесе успех на трите фронтови Примера, ЛШ и Купот на кралот.