Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не е познат како добар возач, а тој самиот и не го крие тој факт. 48-годишниот стратег од Каталонија, оштетил дури четири луксузни автомобили од преземањето на „граѓаните“ во летото 2016 година, па досега.

Вкупната вредност на возилата се проценува на 511.000 евра. Станува збор за црн Mercedes GLE (89,000 евра), Range Rover (167,000 евра), сребрено Bentley GTX700 (222,000 евра) и Mini Cooper (33,000 евра).

Интересно е што Гвардиола едно од овие возила оштетил откако место дизел му наточил безоловен бензин. Дури и пријателите на Гвардиола се шегувале дека тој има еден куп таленти, но никој од нив не е за автомобилите.