За време на зимската пауза се играат пријателски натпревари, па така Базел и Штутгарт ги одмерија силите во шпанската Марбеља. Германскиот тим победи со 2:0 со голови на Гонзалез и Ал Гадиуи во второто полувреме што беше нивна прва победа во 2020 година.

За популарните „шбави“ во второто полувреме (поточно од 68. минута) играше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој пред неколку денови им се приклучи од Келн.