Аријан Адеми, како што стојат засега работите, нема да се пресели оваа зима во Бетис. Имено сумата која шпанскиот клуб и член на Ла Лига, ја понудил за македонскиот репрезентативец била далеку под оние 6.5 милиони евра кои лани Лил ги нудеше за Адеми, а Динамо не ги прифати.

Познато е дека хрватскиот гигант за својот капитен во моментов бара околу 10 милиони евра. Откако „модрите“ го одбија Бетис, Шпанците потоа не се јавиле со некоја поголема понуда, па така, засега, овој трансфер  пропаѓа.Сепак не е исклучено деновиве некој друг клуб да појави заинтересираност за нашиот репрезентативец.

Инаку Адеми, поради повреда, нема да ги започне подготовките со своите соиграчи. Тој ќе патува во Ровињ, но ќе работи под специјална програма под будното око на стручниот штаб на Ненад Бјелица и докторскиот тим на клубот.