Молк во Рим, во Рома. Фудбалска Италија е во шок, Италија е во солзи, плаче. Николо Заниоло, еден од најголемите таленти во Серија А и Европа, синоќа на дербито со Јуве потешко се повреди. Така да нема шанси тој да настапи на аѕурите на претстојното ЕВРО 2020 ова лето. Младиот бисер на Рома ги скинал предните вкрстени лигаменти, тоа е најтешката повреда на еден фудбалер. Денеска се очекува да биде опериран, но се знае дека најмалку 6-8 месеци ќе биде во аут.

Трагичната повреда се случи во 33.минута кога врз него најпрво стартуваше Рабио а потоа и Де Лихт. Прво се чинеше дека станува збор за обичен прекршок, за обична повреда на младиот 20-годишен офанзивец. Но откако тој почна да се превиткува и да бара замена, се виде дека станува збор за нешто посериозно. Подоцна дојдоа и страшните вести, Заниоло ги скинал лигаментите.

Дека Италија фудбалски се обедини по оваа повреда, доказ е и тоа што фановите на сите клубови по социјалните мрежи искажаа тага, но и поддршка нивниот миленик да се врати посилен на зелениот терен.

Секако дека најтажен, покрај самиот Николо, е и селекторот на аѕурите Роберто Манчини. Феноменалниот Заниоло требаше да биде еден од адутите на Италија на ЕВРО 2020.