Војдан Стојановски останува во Франција. Откако на капитенот на македонската репрезентација му се истече договорот со По Ортез со важност од месец и пол, тој веднаш најде нов клуб.

Стојановски во продолжение на сезоната ќе го носи дресот Гравелин Данкерк, првиот меч за новиот тим ќе одигра на 20 овој месец.

Еден од нашите најдобри кошаркари иако имаше долга натпреварувачка пауза, сепак брзо се врати во ритам. Се наметна како лидер во редовите на По Ортез, тој минатото коло беше прогласен за МВП во францускиот шампионат.

Стојановски ќе има за задача да внесе свежина во новиот тим, кој се наоѓа на 16 место на табелата во конкуренција на 18 тима.