Младиот Филип Алексовски, стана дел од првиот тим на Македонија Ѓорче Петров, откако сениорскиот тим на „Лавовите“ потпиша професионален договор со него.

Алексовски е само уште еден производ од школата на Македонија ЃП, која досега даде голем број на играчи, а дел од нив се и стандардни во националниот тим.

Инаку Филип е помал брат на добропознатиот голман Игор Алексовски, кој беше исто дел од Македонија, а потоа беше во Вардар, и сега го чува голот на Шкупи.