Стратегот на Тотенхем Жозе Мурињо одлучи јавно да го опомене Данецот Кристијан Ериксен, застанувајќи на страната на фановите кои го свиркаа за време на дербито со Ливерпул и во моментите кога беше повлечен од игра. Португалецот е свесен дека Ериксен повеќе мисли на трансфер, а на на својата игра, а тоа на Португалецот не му се допаѓа. За Данецот се верува дека притиска за  трансфер во Интер.

„Ако ме прашувате дали ова е најдобриот Ериксен, мора да бидам комплетно искрен и да кажам „НЕ“. Ако ме прашувате дали ги знам причините, ќе ви кажам дека не сум идиот. Многу години сум во фудбалот, свесен сум дека играч не може да игра на највисоко ниво во такви околности како неговите. Не сакам да го критикувам, но играч во негова ситуација не може да игра на потребното ниво. Навивачите не беа задоволни од неговото издание со Ливерпул и тука се согласувам со нив“, изјави Мурињо.