Историска ноќ во полуфиналето по конференции во НФЛ. Оваа сезона во плеј – офот во најпопуларниот спорт во САД продолжуваат да се случуваат спектакли. Па така синоќа на мечот меѓу Хјустон и Канзас, Тескансите водеа дури со 24:0, но на крајот мечот го загубија со резултат 51:31. Долго, долго ќе се раскажува овој натпревар, токму затоа овој спорт е толку интересен, само во НФЛ може да се случат вакви спектакли.

Се разбира дека главна фаца на овој меч беше „квотербекот“ на победничкиот тим Патрик Махоумс, кој просто блескаше и испиша историски резултати зад своето име.

Инаку полуфиналните двојки во плеј-офот во НФЛ, кои се закажани за следниот викенд, се Тенеси – Канзас и Грин Беј – Сан Франциско.