Милан направи голманска рокада. Пепе Рејна го напушти „Сан Сиро“ и се врати во Премиер лигата но сега во дресот на Астон Вила, а „росонерите“ замената ја донесоа од Англија. Асмир Беговиќ, репрезентативецот на БиХ ќе застане меѓу стативите на некогашниот европски првак. Рејна потпишал шестмесечен договор со Астон Вила, а и Беговиќ исто така потпиша шестмесечен договор со Милан како позајмен од Борнмут.