Македонецот Иван Тричковски, голгетерот на АЕК Ларнака, е прв стрелец или најдобар „бомбардер“ во светот за изминатава недела, и тоа од 6 до 12 јануари. Тричко на оваа листа, е пред еден Агуеро, Икарди, Нејмар и останатите мега – ѕвезди на светскиот фудбал. Секако дека да си во ова друштво тоа годи, а да си подобропласиран од сите нив е тоа навистина е голема работа.

Секако дека причината Тричко да се најде на чело на листата на стрелците во светот, е таа што завчера во рамките на шампионатот на Кипар, Македонецот за АЕК Ларнака постигна четири голови во мрежата на Етникос Ахна. Инаку со тие четири голови, сега Тричко има 34 и во моментов во генералниот пласман се наоѓа на 12-то место во светот.