В среда, на 15 јануари, екипата на Ренова ќе гостува во Косово, каде во Урошевац против домашниот состав на Феризај ќе одигра пријателска средба. Тоа ќе биде прв тест за „гипсарите“ оваа зима. Следува дуелот со Гостивар на 18 јануари, а од 22 овој месец експедицијата се сели во Охрид, каде исто така ќе се одиграат 4-5 контролни натпревари.

Што се однесува до играчкиот кадар засега ново име е само Џелил Абдула, додека Артан Велиу го продолжи договорот. Со полесен интензитет почнаа со тренинзи Арџент Гафури и Арменд Алиу, тие сеуште не се целосно фит по повредитем, додека Јасир Селмани, кој ги оперираше лигаментите пред два – три месеци, ќе почека со приклучувањето на екипата на Ренова.