Францускиот тим Монако ќе тргне по услугите на македонскиот интернационалец Аријан Адеми. Откако е јасно дека е се подалеку од Бетис, кој имаше план со 6,5 милиони да го ангажира од Динамо Загреб, сега опција е Монако.

Тимот од малото Кнежество гледа како големо засилување во средниот ред за својата екипа за пролетниот дел од сезоната.

Адеми одигра одлична есен со Динамо, во која играше во Лигата на шампионите, но за жал, не избори место во 1/8 финалето од „елитата“ после лошите резултати во последните натпревари во групата.