Според проекциите и прогнозите, нашата најдобра фудбалска репрезентација на ФИФА ранг листата ќе остане на 68-то место. Официјално ФИФА својата рејтинг листа ќе ја објави на 20 следниот месец, тоа ќе биде прв официјален ранкинг за оваа 2020 година. Тоа значи дека Македонија ќе остане на она место каде што и беше на завршната листа за минатата година.

И не се очекуваат поголеми промени, посебно ако се знае дека до март, на 26 и 31, кога играме во плеј-офот за пласман на ЕВРО 2020, нема други репрезентативни активности. Инаку мечот со Косово, а потоа се надеваме и со победникот од дуелот Белорусија – Грузија, ќе биде добра можност за нашата фудбалска репрезентација да скокне неколку места погоре на ФИФА листата. 

За тоа потоа, а сега јасно е дека на 20 февруари Македонија ќе осамне на 68-то место.