Утре во Охрид, со почеток од 13 часот, ќе се одигра пријателска меѓународна средба меѓу Струга Трим Лум и Влазнија од Скадар.

Познато е дека тренер на тој тим е Мирсад Јонуз, а зимава како засилување нашиот некогашен селектор ги ангажираше Христов и Адили. Инаку Влазнија, прволигаш од Албанија веќе неколку денови се подготвува покрај Охридското езеро.

Кога сме кај Струга Трим Лум, да споменеме дека овој натпревар за нашиот тим ќе биде прв зимски тест. Досега екипата ја засили Фјоралб Делиај, а клубот го напуштија Драгарски и Далчески.