Како што дознаваме, постојат реални шанси Баже Тодоровски, искусниот десен офанзивен бек, да остане во Теута и после јуни, кога му истекува едногодишниот договор. Презадоволни од тоа што нашиот интернационалец го прикажува во изминатите шест месеци во дресот на прволигашот од Албанија, челниците на клубот од Драч биле подготвени да го задржат Тодоровски и после јуни, односно да му понудат продолжување на истиот со важност до јуни следната година. Е сега останува самиот Тодоровски да реши дали ќе остане во Драч уште една година или пак ќе се врати во Македонија.

Да споменеме дека Тодоровски во Теута дојде од Шкендија минатиот јули. Претходно тој играше и за Работнички, Ренова, Силекс, Динамо Букурешт, Глорија Бистрица…