Откако утринава стана јасно дека Николо Заниоло од Рома поради скинати лигаменти го чека пауза, на истиот меч, вчера против Јуве, и дефанзивецот на „Старата Дама“ поради истата повреда ќе биде во аут неколку месеци.

Мерих Демирал исто така ги скина лигаментите на левото колено, поради што ќе мора да паузира долго време. Тој ќе го пропушти и ЕП 2020 со Турција.

Инаку Демирал на мечот го постигна првиот гол за Јуве во победата од 1:2. Демирал се поврзуаше со трансфер во Борусија Дортмунд зимава, но Јувентус ја одби понудата од 40 милиони евра.