Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока во интервју за клупската интернет страница, верува дека со новите имиња тимот го потполнил ростерот, и дека со нив ќе бидат уште посилни во есенскиот дел од сезоната. Тој верува дека разликата од осум бодови може да се стигне.

„Ангажиравме играчи на позиции кои ни беа неопходни. Внимателно ги биравме новите фудбалери, и верувам дека со нив ќе биде посилни во пролетниот дел. Тимот има победнички менталитет, и на секој меч размислува само за победа. Имавме можност да донесеме уште нови играчи, но мислам дека целта ја исполнивме и донесовме квалитетни засилувања на оние позиции кои ни требаа. Се надеваме дека на пролет ќе ја намалиме разликата во однос на нашиот конкурент и на крајот ќе бидете пред нив. Овој тим е изграден да биде секогаш на врвот, и се надевам дека сезоната ќе ја завршиме како првопласирани“, рече Ѓока.