Фабио Борини е нов член на Верона. Досегашниот играч на Милан се реши да си замине, откако не добиваше многу шанса меѓу „росонерите“. Крилниот играч оваа сезона одигра само 70 минути, и беше јасно дека ќе има нов клуб.

Иако требаше да потпише за Џенова, сепак, не беше постигнат договор. Верона договори позајмица до крајот на сезоната, по што потоа ќе биде слободен играч.

Борини во Милан дојде од Саутемптон во 2018 година.