Машката ракометна репрезентација на Македонија во истиот состав како и на претходните два натпревари, така и попладнево, 18:15 часот, ќе истрча против Австрија, во последното коло од групата Б на ЕП во Виена.

Селекторот Данило Брестовац стои на својата одлука Мартин Серафимов и Мартин Томовски да бидат на трибините, а 16-мина на кои им ја даде довербата да ја однесат Македонија во главната рунда.

Македонија денеска во „Штадхале“ против ко-домаќинот на ЕП, Австрија игра меч во кој доколку загуби ќе си ги спакува куферите за дома, а победа од два гола разлика го носи во следната фаза.