Селекторот Данило Брестовац веднаш по мечот ја истакна причината за поразот. Рече дека Австрија заслужено оди понатаму, и дека Македонија ја чека подмладување, па дури и со ризик на едно големо натпреварување.

„Несфатливо е колку зицери утнавме, не верувам дека ова ни се случува. Долг е патот, дали со мене или без мене не знам… Има многу работа за оваа селекција, треба да се свртиме кон подмладување, треба да ризикуваме на големо натпреварување ако сакаме да имаме повторно голема репрезентација.

На овој меч одбраната не беше многу виновна, повеќе виновен беше нападот. Повторно ситуации чисти не ги реализиравме, многу брзо ни бегаше резултатот. На 2-3 пати се вративме, но не можевме секогаш. Едно време ни се вовлече и нервоза… Заслужен триумф на Австрија и заслужен пласман понатаму.

Јас верувам дека во догледно време ќе имаме добра репрезентација, и мислам дека овие млади момци ќе значат многу на меѓународната сцена“, рече Брестовац.