Селекторот Данило Брестовац, за кого ова беше прво големо натпреварување на клупата на Македонија, нормално, не беше задоволен од изданието на нашиот национален тим и најави дека ќе има големи промени во истиот.

„Мислам дека оваа хемија тешко ќе оди, ќе мора иако е малку болно да најдам начин и сретства да се заблагодарам на капитенот, за него нема муабет за она што го направи на овие три натпревари, но мора да бидеме на чисто кој сака, кој не сака да игра за репрезентација и како второ мислам дека оваа хемија меѓу постари помлади тешко функционира на терен, не ми се допаѓа таков однос.

Не знам како било тоа порано и не ме интересира дали имаат таква комуникација или не, јас не го сакам тоа. Точно ќе се направи проценка и анализа, па дури и да се жртвува едно големо натпреварување, но ние мора да направиме една драстична промена и да знаеме каде одиме“, вели селекторот Брестовац.

Но, таквата одлука нема да зависи само од него.

„Ќе го анализираме настапот на ЕП, ќе поднесам извештај до УО на РФМ, како и мое размислување за правецот кој во иднина треба да го има оваа репрезентација, а потоа и тие треба да го кажат своето“, објаснува стратегот.