Кошаркарите на ЦСКА славеа во дербито на 19. коло на Евролигата против Реал Мадрид со резултат 60:55 и така ја прекинаа серијата на кралскиот клуб од 13 едноподруго победи во елитното европско натпреварување.

Мадриѓаните го добија првото полувреме со 26:32, но потоа европскиот шампион заигра подобро и најде решение за нападите на Реал во завршницата на мечот. Најдобар во победата на московјаните беше Мајк Џејмс со 19 поени, Дарун Хилијард додаде 14. Во Реал се истакна Треј Томпкинс со 14 поени.

За „армејците“ тоа е 13 победа во Евролигата.

Валенсија славеше на гости кај Химки со 84:75, додека Фенербахче на домашен терен го совлада Лион со 86:64, а Ефес беше подобар од Олимпија Милано со 88:68.

Изненадување приреди Олимпијакос кој пред своја публика изгуби од Алба Берлин со 86:93.

Макаби Тел Авив трет пат по ред славеше против Барселона на домашен терен, а овојпат со 92:85.

Standings provided by Sofascore LiveScore