Како што стојат засега работите се чини, барем засега, шефот на стручниот штаб Зоран Штерјовски нема да оди во Оман да му биде помошник на Горан Стевановиќ, кој требаше да биде селектор. Последните информации од под „Тумбе Кафе“ говорат дека Штерјовски и напролет ќе ги води битолските „зелени“ во Втората лига – запад.

А амбиците се познати, враќање во елитата. Пелистер се засили со четири нови имиња, дел од нив се и прволигашки играчи, на тренинзите се работи максимално сериозно, а погледите се кон елитата.