Доцна синоќа, шпанскиот шампион Барселона и официјално го назначи Кике Сетиен за наследник на отпуштениот Ернесто Валверде. 61-годишниот шпански специјалист доаѓа како нов кормилар на каталонците со договор до 2,5 година, иако некои шпекулации тврдеа дека тој ќе седне на кормилото со договор од само 6-месеци.

Според потврдените клупски информации, Сетиен доби договор со Барса до 30 јуни 2022 година. ООфицијалната промоција на новиот предводник на каталонците ќе биде денеска во 14 часот.