Некогашната англиска фудбалска ѕвезда, сега аналитичар на „Скај Спорт“, Пол Мерсон, со суперлативи зборуваше за менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп.

„Тие се феноменален тим и мислам дека се уште не го добиваат признанието што го заслужуваат. Луѓето им се восхитуваат на Манчестер Сити и тие се навистина одлични. Достигнувањата на Пеп Гвардиола се одлични, но на крајот тие имаат врвни играчи за 80-90 милиони фунти на секоја позиција. За мене, Јирген Клоп може да направи голем резултат со кој било тим во лигата. Јас би рекол дека ако му го дадете и Ротерам ќе го однесе во Премиер лигата. Тој навистина е многу добар. Ги привлекува играчите што му се потребни и ги става на вистинските места. Тој нема многу суперѕвезди, но има екстремно добри дефанзивци“, вели Мерсон во својата анализа.

„Против Тотенхем, иако водеа, тие не престанаа да напаѓаат. Не знам зошто Ливерпул не е меѓу фаворитите во Лигата на шампионите, иако беше во две последователни финалиња. Во моментов, „црвените“ се најдобриот тим во Европа. Ако сакате да ги победите, треба да постигнете 2-3 гола и искрено само Манчестер Сити може да ги победи“, дополнил Мерсон.