Швајцарецот и дефинитивно останува на „Енфилд“. По повредата на Николо Заниоло, раководството на Рома го контактирал врвот на Ливерпул. Го барал Џердан Шаќири, и речиси се било договорено репрезентативецот на Швајцарија да се пресели на „Олимпико“, но Јирген Клоп, стратегот на „редси“ го стопирал трансферот со напомена дека Шаќири до јуни мора да остане во Ливерпул.

Малку чудно ако се знае дека Шаќири покрај Мане  Салах нема шанси за поголема минутажа, но до крајот на сезоната има уште многу, тука е и ЛШ, а Германецот ништо не сака да ризикува.