Репрезентацијата на Чешка се пласира во главната групна фаза на Европското првенство откако вечерва ја совлада и Украина со 23:19. Украинците водеа на полувреме со еден разлика, но Чесите се разиграа во вториот дел, а се расположи и голманот Галија, па така стигнаа до победата.

Чешка заедно со Австрија се најдоа во групата 1 која ќе се игра во Виена. Во оваа група се уште Хрватска, Шпанија, Германија и Белорусија. Хрватите, Шпанците и Австријците пренесоа по два бода, додека другите се без бодови.

А Шведска со триумфот над Полска со 28:26 си обезбеди место во главната рунда на ЕП, на кое е еден од домаќините. Натпреварот го судеше нашиот судиски пар Николов и Начевски.

Во главната фаза од групата 2 која ќе се игра во Малме покрај Шведска се најдоа уште селекциите на Словенија, Норвешка и Португалија. Утре ќе бидат познати другите две репрезентации учесници во втората рунда.