Никој во нашиот национален тим не го криеше незадоволството и разочараноста од фактот дека по само три одиграни натпревари ги пакуваме куферите и си одиме дома.

„Жално е што ја пропуштивме оваа шанса. Откако јас сум во репрезентација не сме имале ваква лесна група, каде секој може да победи секој и пропуштивме голема шанса да се најдеме во следната рунда. Им благодарам на сите навивачи кои дојдоа тука за да ни дадат поддршка во секоја минута, на секој натпревар и што направија таква прекрасна атмосфера за играње во која уживавме. Жалам што не им возвративме со пласман во главната рунда. Имаме многу работи кои мора да ги поправиме во иднина, но нема откажување, главата горе“ – изјави Филип Кузмановски.