Лидерот во Западната конференција, Лос Анџелес Лејкерс, предводен од Леброн Џејмс ја обезнеди и деветатта последователна победа откако синоќа на домашен терен славеше над Кливленд Кавалирс со 128:99.

Победата на „езерџиите“ всушност во ниту еден момент на средбата не беше доведена во прашање, иако првата четвртина домашните ја загубија со 21:27, но потоа го засилија темпото и ги преземаа работите во свои раце.

Против својот поранешен клуб, Леброн постигна 31 поен и беше најдобриот играч на Лејкерс. На контото тој додаде и осум асистенции и два скока.

Брогдон и Ворен со по 21 поен ја предводеа Индијана до исклучително важна победа на средбата со Филаделфија на домашен терен. Пејсерс славеа со 101:95 и го зачуваа петтото место на Истокот.

По серијата лоши резултати и порази, екипата на Бостон врза и втора последователна победа. Синоќа пред своите фанови Селтикс славеа со 113:101 над екипата на Чикаго Булс. Одлично издание имаше Тејтум кој средбата ја заврши со 21 поен, додека Браун постигна 19.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Њу Орлеанс 110:117 (пр.)

Индијана – Филаделфија 101:95

Бостон – Чикаго 113:101

Минесота – Оклахома 104:117

Портланд – Шарлот 115:112

Сакраменто – Орландо 112:114

ЛА Лејкерс – Кливленд 128:99