Наполи, Лацио и Интер се патници во  четвртфиналето на Купот откако вечерва забележаа победи на домашен терен. Прво Наполи со 2:0 ја победи Перуџа, а потоа Лацио убедливо, со 4:0 го совлада Кремонезе (голови на Патрик, Пароло, Имобиле, Бастос), а вечерва Интер беше убедлив против Каљари со 4:1.

Мечот го одбележа Ромелу Лукаку кој беше незапирлив за гостинските фудбалери. Белгиецот во првата минута го отвори мечот, а го постигна и третиот гол. Другите два гола беа дело на Валеро и Ранокија. За гостите прецизен беше Олива во 73 минута.

Интер во четвртфиналето ќе го чека подобриот од дуелот Аталанта-Фиорентина, а Наполи и Лацио ќе се пресметаат меѓу себе.