Утринава со официјално соопштение до медиумите, а потоа и со изјава на Извршниот директор на Баерн Минхен Карл – Хајнц Румениге, објавен е мега – договор. Договор со кој баварците до 2029 година ќе добијат од Ауди дури 500 милиони евра, или половина милијарда. Стариот договор истекуваше во 2025, но Баерн и Ауди се договориле за потишување нов, со важност до крајот на декадата.

„Среќен сум за продолжување на соработката меѓу нашиот клуб и Ауди. Ова е важен стратешки чекор за нас. Ние сме презадоволни како овие два бренда соработуваат во изминатите 15 години, се надевам дека така ќе биде и во иднина“, истакна Румениге.