Македонската ракометна репрезентација не успеа да ја мине групната фаза на Европското првенство. На последниот меч од групната фаза не само што не ја совладаме Австрија, туку бевме целосно „распарчени“ од првата до последната минута.

Овој евро-шампионат за жал нема да го паметиме по убави работи. Македонија се врати 22 години наназад, во 1998 година нашата земја за првпат настапи на континенталното натпреварување, во Италија не успеавме да ја минеме групната фаза.

Потоа следеа години на пауза, дури во 2012 година во Србија фативме ритам. Четири години во низа редовно сме во главната рунда, се до вечерва кога Австрија ни одржа лекција.