Виена, дефинитивно нема да ја паметиме по убави нешта. Македонската ракометна репрезентација не успеа да го продолжи евро-сонот, во последниот меч од групната фаза е поразена од Австрија и елиминирана.

Ако ја бараме единствената убавина, тоа дефинитивно се навивачите.

Капа доле за „Фалангата“!!! Салата „Штадхале“ беше обоена во „црвено-жолто“, грмеше на трибините, се вееја знамиња, ги бодреа ракометарите од срце и најважно од се, патуваа илјадници километри за да бидат со своите идоли…

Токму поради нив, капитенот Кирил Лазаров и останатите ќе продолжат да се борат и да ги радуваат во следниот настап.