Најбогатиот човек во Африка, Алико Данготе, ги разгледува опциите за купување на еден од најеминентните англиски фудбалски клубови, Арсенал. Купопродажбата би можела да се случи најрано во 2021 година.

62-годишниот Нигериец одамна е навивач на лондонскиот тим и постојано зборува за желбата за стекнување права во клубот. Навивачите би го поздравиле овој потег за промена на сопственоста, а Данготе би можел радикално да ја промени судбината на Арсенал.

„Ова е тим што би сакал да го добијам еден ден. Но, сега зборувам за факти дека инвестиравме околу 20 милијарди евра во нашите проекти, и сакам да се фокусирам на нив. Да завршиме со овие работи до 2021 година и тогаш можам да размислувам за Арсенал. Јас не купувам клуб во моментов, но ќе можам да го купам кога ќе завршам со моите проекти, затоа што се обидувам да ја доведам мојата компанија на ново ниво“, изјавил нигерискиот олигарх.