Пикерот Жарко Пешевски имаше што да каже по дуелот со Австрија.

„Започнавме малку во грч, промашивме неколку шутеви и тоа од чисти ситуации, се вративме во игра, но во средината во првиот дел повторно ни се случи пад. Како во завршницата во пвиот дел, така продолживме и во вториот дел со промашени чисти шутеви, со избрзани грешки. Кога видовме дека не можеме да се вратиме во игра, се консолидиравмем, дадовме се од себе. На крај заврши како што сите видовме. Сакам да им се заблагодарам на сите што беа тука, што не бодреа , што губеа живци со наа овие неколку денови и сакам да им ветам дека ќе се вратиме посилни“ изјави Пешевски.